дома
ЕУРОСОЛИД е модерна и динамична компанија со главна дејност во областа на текстилот и логистиката за текстил на европско и светско ниво. Основачите на компанијата се занимаат со оваа дејност од 1994 година. Своето големо искуство и потенцијал го искористија за создавање на една модерна, брза и ефикасна компанија која во своето работење вклучува еден целосно организиран систем за производство , логистика и пласман на текстилни производи на светскиот пазар. Одличната соработка со многу текстилни фабрики од Македонија (земја добро позната по текстилот )и соработката со клиенти од светско реноме допринесува за еден константен раст на компанијата. Визија на компанијата е создавање на свој бренд и здружување со поголеми компании во инвестиции. Вклученоста во многу проекти како што се изнаоѓање на странски пазари, како и зголемување на конкурентноста на македонските текстилни производи и компании на глобалниот светски Пазар е од особен придонес за развој на текстилната индусрија во Македонија.

|